Седум децении од холокаустот на македонските Евреи!
Во Скопје денеска со Еврејската заедница во Македонија одбележува 7 децении од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка.
Во чест на депортираните и убиени Евреи од Македонија ќе биде положено цвеќе, ќе се одржи комеморативен концерт, ќе биде одржана промоција на книга.
Организираните настани ќе потсетат на тррагедијата на семејствата кои ноќта меѓу 10-ти и 11 март 1943 година биле уапсени на територијата на Македонија и со вагони за стока транспортирани во скопскиот Монопол, преадаптиран во логор.
Во него првично биле концентрирани сите Евреи а најмногу од Битола, Скопје и од Штип.
Евиденцијата на тогашните бугарски и германски окупаторски власти,покажува дека биле уапсени вкупно 7.144 Евреи.
Нивниот имот бил конфискуван а парите и златото одземени.
Потоа од Скопје тие биле депортирани и егзекутирани во логорот на смртта Треблинка во тогаш окупираната Полска од нацистичка Германија.
Македонските Евреи биле дел од вкупно 900 илјади жртви на холокаустот убиени од 1942 до 1943 година. /Е.Н.Ј
