Се проверуваат новопријавените кандидати за градоначалници и советници!

Објавено: 11 март, 2013, во 18:21 часот

На Комисијата за верификација на факти, пред да се изјасни, и фалат уште одговорите од  Државниот архив и од Агенцијата за разузнавање за тоа дали новопријавените кандидати за градоначалници и членови на Советите на општините биле соработници со тајните служби.

Денеска комисијата добила повратни информации за 1.581 кандидат од Управата за контраразузнавање и Воената служба при Министерството за одбрана.

Според најавите Комисијата утре ќе одржи седница.

Во интерес на времето овојпат сите пристигнати кандидатури се испратени до четирите институции, освен за кандидатите за Струга и Кичево, бидејќи за нив одлучуваше Управниот суд.

И тие ќе треба да го поминат лустрацискиот филтер./Б.Н

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.