Татко ја застрелал ќерка си, па се самоубил!

Објавено: 13 март, 2013, во 21:26 часот

Вечерва околу 19 часот  во тетовската приградска населба Мала Речица се случило убиство и самоубиство.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски таткото Ќ.Б.(51) најпрво ја застрелал својата ќерка Р.Б.(27), а потоа со пиштолот кој го поседувал со дозвола се застрелал и самиот. Двајцата биле вработени во странство. Ќерката пристигнала пред неколку денови, а таткото денеска во нивниот дом во Мала Речица.

Истражен судија, екипа на полицијата и обвинител вршат увид на местото на трагичниот настан и работат на откривање на причините за убиството и самоубиството

Според неофицијални и непотврдени информации најверојатна причина за убиството и самоубиството се несогласувањата околу љубовната врска на ќерката што таткото не ја прифаќал и сакал да се прекине./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.