Македонците трети по гостопримливост во светот!

Објавено: 14 март, 2013, во 11:47 часот

Македонија се најде на третата позиција на листата на најгостопримливи земји во светот за странски туристи.

Македонија со 6,7 бодовисе наоѓа на трето место на листата заедно со Мароко, Австрија и Сенегал.

Во вкупниот ранг на најгостопримливи земји на прво место е Исланд, со 6,8 бодови, колку што има и Нов Зеланд на второто место.

Една од главните ставки во широката анализа беше категоријата „ однос на граѓаните кон туризмот“.

Листата на најмалку гостопримливи земји ја предводи Боливија со 4, 1 бод. По неа следуваат Венецуела, Русија, Кувајт, Иран, Пакистан, Словачка, Бугарија и Монголија, на последното место.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.