Одбележан Светскиот ден на бубрегот!

Објавено на 14 март, 2013 во 18:05

Денеска во Скопје се одбележа Светскиот ден на бубрегот под мотото „Стоп за акутното бубрежно оштетување“.

Од клиниката за Урологија,информираа дека минатата година била рекордна за пресадување на бубрези со вкупно 24 трансплатации во временски период од 8 месеци.

Само еден пациент починал, а кај друг пациент телото не сакало да го прими бубрегот.

Според д-р Сашо Довчев клиниката за Урологија и за година си поставила амбициозен план да изврши по една трансплантација секоја недела.

Според уролозите ед­ен  од нај­че­сти­те проблеми по­вр­за­ни со функ­ци­ја­та на бу­бре­зи­те е соз­да­ва­ње­то ка­мења и пе­сок во овие ор­га­ни.

Кај мажите, кои се почести пациенти од жените, болеста најчесто се јавува после 40- та година  со треска и висока температура а пропратни се со мачнина и повраќање.

По повод Светскиот ден на бубрегот денес беа одржани трибини на тема „Акутно бубрежно оштетување“ во пет градови во земјата, а беше поделен и промотивен материјал./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.