Охриѓанка се обидела да се самоубие!

Објавено на 14 март, 2013 во 18:32

Охриѓанка на 40 годишна возраст, вчера, се обиделa да си го одземе животот со скокање од карпите на плажата Лабино во Охридското езеро, објави Лихнид.ком.

За среќа, во тој момент,таму се нашле неколку лица кои биле на прошетка. Тие,без да чекаат,се фрлиле во водата и ја спасиле нашата сограѓанка од давење. По неуспешниот обид за самоубиство жената била префрлена во Општата болница во Охрид. Од таму јавија дека по извршените медицински прегледи e констатирано дека таа била вон животна опасност.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.