Спречено самоубиство во Штип!

Објавено на 14 март, 2013 во 17:35

Не и успеал обидот за самоубиство на четириесетгодишна штипјанка, која  денеска попладне се фрлила во водите на реката Брегалница.

Случаен минувач ја забележал како стои на мостот и претпоставил што планирала да направи, и веднаш ја алармирал полицијата. Лекарите и пожарникатие набрзо пристигнале на помош и успеале да ја спасат жената.

Штипјанката која се обиде да се самоубие е надвор од животна опасност и е сместена на хирушкото одделение во Клиничка болница. Таа не го открила мотивот за очајничкиот чекор. /A.Д

Извор: Алфа

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.