Осквернавени грчките воени гробишта кај Валандово!
Објавено: 15 март, 2013, во 21:56 часот
Засега непознати сторители ги оштетиле надгробните плочи и ги искршиле крстовите на гробовите на грчките воени гробишта од Првата светска војна кај Валандово, пишува Југоинфо.мк.
По објавувањето на информацијата, претставници на грчката канцеларија за врски во Скопје ги посетија гробиштата и откако извршија увид на причинетата штета, случајот го пријавија во полициската станица во Валандово.
Од полицијата потврдија дека Грците го пријавиле случајот, по што полициски екипи извршиле увид на местото на настанот. Оттаму информираат дека засега немаат осомничени, но интензивно работат на пронаоѓање на можните сторители.
Текстот во целост е објавен на Југоинфо.мк

