Струмица вечерва и официјално под маски!
Објавено: 15 март, 2013, во 22:37 часот
Со традиционалниот маскенбал кој се одржува вечерва, Струмица и официјално го почнува петдневниот живот под маски.
Преку разновидните маски за кои се потрошени многу труд и пари светот е собран во мало во кристалната сала на хотелот „Сириус“.
Се игра, пее и се прават шеги на сопствена, но и туѓа сметка. Меѓу нив и е градоначалникот и кандидат за трет мандат Зоран Заев.
Тој е маскиран во оган, а неговата сопруга Зорица во мраз. И годинава, како и минатите години, идеата за маската е на Зорица.
Текстот во целост е објавен на Југоинфо.ком.
