Снег паѓа во западна Македонија!

Објавено: 16 март, 2013, во 19:48 часот

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Струга, Крушево и на планинскиот превој Пресека.

На Попова Шапка, Маврово и планинскиот превој Ѓавато провејува слаб снег.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, соопшти ЈП „Македонија пат.

Поради ниските температури можни се подмрзнувања на осојните места, а по клисурите и усеците е можна зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес./Б.Н

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.