Црвенковски: „Народе македонски,победата е пред тебе, осмели се“!

Објавено на 17 март, 2013 во 21:58

„Зарем на сите не им е јасно дека Македонија е земја на државна мафија под контрола на фамилијата, дека е земја на криминал. Кога гледам што ни прикажуваат на рекламите си велам, или сме ние за во болница, или се овие за во лудница. Што народ ќе бидеме ако дозволиме така ефтино да не лажат. Никој нека не го потценува македонскиот народ. Може овој народ многу да издржи, но знае и тешко да казни,. Нема потешко од народната казна. За 5 минути, народот ќе им плати за сите заплашувања и понижувања во овие 7 години“ рече на вечерашниот голем митинг во Скопје лидерот на македонската опозиција Бранко Црвенковски.

Плоштадот беше преполн, а според Црвенковски сите кои дошле на митингот не биле дојдени по наредба  и притисок  како на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, туку по сопствен избор.

„ Минатата недела имаше и народ но и страв, користољубие, а вечерва е собрана храброста на Македонија. Ова со пари , Никола не може да се купи“, рече Црвенковски и праша дали народот е подготвен за да ја водат битката,  не за тендери, фотељи и привилегии туку за иднината на народот и земјата.

„Дали искрено верувате дека она за што се бориме е праведно? Дали сте подготвени да одиме до крај, до конечна победа? Дали вечерва и вашето срце бие како и моето со сета жар за една единствена цел? Ако навистина сте цврсто решени, ви гарантирам дека нема сила што може да не запре. Отпорот продолжува. Ако народот сака предвремени избори, мора да има избори. Народе македонски, победата е пред тебе, осмели се!“, рече Црвенковски./ А.Д

Извор: А1он.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.