Не очекува потопло време со дожд и ветер!

Објавено на 17 март, 2013 во 22:12

Променливо време не очекува и во новата недела. Според синоптичарите температурите ќе бидат повисоки но ќе има врнежи од дожд и засилен ветер.

Утре претпладне не очекува  претежно облачно, попладне нестабилно со слаби врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветер. Утринските температури ке се движат од -3°C до 4°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 12°C.

Во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ке дува силен југозападен ветер. Ветерот понекаде ке достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури ке се движат до 7°C, а максималните до 18°C.

И во среда ке биде умерено облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ке се движат од 0°C до 6°C, а максималните дневни температури ке се движат од 10°C до 20°C.

Облачно со врнежи од дожд и ветровите ќе биде и во четврток.  Во вечерните часови и во текот на ноќта врнежи од снег се очекуваат над 1200 метри надморска височина. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури до 9°C, а максималните дневни до 16°C.  Во петок во раните утрински часови врнежите постепено ќе престануваат и во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност и ветровито.

Во сабота во Македонија ке биде претежно сончево, потопло и ветровито. Ке дува засилен северозападен ветер кој ке достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од -2°C до 4°C, а максималните дневни температури ке се движат од 7 до 18 степени./ А.Д

Извор: weather4all.com.mk

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.