Почина учесник на струмичкиот карневал!

Објавено на 17 март, 2013 во 22:53

Утринава во струмичката болница почина 54 годишниот Дамир Т. од Ивањичград од Хрватска инаку член на карневалската делегација на ова земја, објави Jugoinfo.mk.

Според првичните информации на 54 годишниот Дамир починал од природна смрт.

Тој поради лошата здравствена состојба воопшто не учествувал на карневалот заради што останал во хотелската соба но утрово наеднаш му се слошило и во струмичката болница починал.

Информацијата ја потврдија и организаторите на струмичкиот карневал

,,Лицето воопшто не учестуваше на карневалот. Тој не се чувстувал добро и останал во хотелот. Утрото откако му се слошило бил префрлен во болницата каде лекарите не успеале да го вратат во живот и станува збор за природна смрт,, рече Александар Цицимов претседател на организациониот одбор на карневалот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.