Утре, пороен дожд а во петок силен ветар!

Објавено на 20 март, 2013 во 13:19

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека утре се очекуваат поројни дождови.

Пообилни врнежи ќе заврнат во попладневните часови во јужните и источните делови на државата, со околу 20 до 30 литри на квадратен метар.

Слаби врнежи од снег,во текот на ноќта и во петок наутро, ќе има на планините и на повисоките места. Ќе дува засилен до силен северен ветер со брзина до 80 километри на час.

Времето ќе се стабилизира за време на викендот кога ќе преовладува стабилно и суво време.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.