Променливо облачно!
Објавено на 28 март, 2013 во 07:54
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремен локален дожд, особено во јужните делови.
Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Температурата ќе се движи од 8 до 18 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 16 степени.
