Денеска се збогуваме со Никола Младенов!

Објавено на 28 март, 2013 во 09:52

Во Младинскиот културен центар, во 11 часот, ќе се одржи комеморација за Младенов.

Посмртните останки на македонското критички настроено перо ќе бидат изложени од 13.30 часот во капелата во Бутел.

Погребот ќе биде во 14.30 часот на Градските гробишта во Бутел.

Денешниот број на дневниот весник  „Фокус“ е бесплатен и му е посветен на Никола Младенов.

Колегите на новинарот Никола Младенов синоќа се собраа на кејот на Вардар, кај Камени мост, за да му оддадат почит. Младенов завчера загина во сообраќајна несреќа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.