Од вечерва, летното сметање на времето!

Објавено на 30 март, 2013 во 12:56

Со  поместување на часовникот за еден час нанапред, ноќеска, започнува летното сметање на времето.

Во 2 часот по полноќ кога со поместување на стрелките еден час нанапред ќе се смета дека е 3 часот по полноќ, информира Бирото за метрологија.

Целта на поместување на времето е најмногу за заштеда на електрична енергија.

Со поместување на часовниците се овозможува во попладневните часови да се добие повеќе дневна светлина додека утрата да бидат пократки.

Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен.

Летното сметање на времето ќе заврши на 27 октомври годинава.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.