Дожд, наместа пороен и силен ветар!
Објавено на 31 март, 2013 во 07:56
Денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд.
На некои места врнежите ќе бидат поројни со над 10 литри на метар квадратен и проследени со грмежи и засилен јужен ветер со брзина од 60 до 80 километри на час.
Температурата во котлините ќе се движи од 14 до 20 степени, додека на планинските места од 10 до 13 степени Целзиусови.
Во Скопје, слично време со максимална температура од 15 степени.
