Внимателно возете!

Објавено на 31 март, 2013 во 08:22

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира Авто мото сојузот на Македонија.

За сите видови на сообраќај и за пешаци затворен е патниот правец Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот на реката Вардар.  Таму  за лесните возила сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Внимателно да се вози на патот Велес -Штип. Поради изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец Велес-Кадрифаково како експресен пат, се врши геодетско снимање.

 

На патниот правец Гостивар – крак Маврово кај селото Церово се врши реконструкција на мостот и сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента.

На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. Сообраќајот се регулира со светлосна сообраќајна сигнализација.  Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.