Сончево со локална облачност!
Објавено на 1 април, 2013 во 07:04
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност но, топло и ветровито.
Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер, со брзина и до 40 километри на час.
Утринските температури се движат од 2 до 8 степени додека дневни температури ќе достигнат до 21 степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито со засилен југоисточен ветер.
Утринската температура од пет, а максималната дневна ќе достигне до 18 степени.
