Со лажни профили до валкана предизборна кампања!
Отварени лажни профили на кандидатите за градоначалници на социјалните мрежи за време на предизборната кампања како и креирање на фан страници регистрирала Дирекцијата за заштита на лични податоци.
Тоа се профили на кои се пласирале навредливи содржини во име на кандидатите.
Приказна е позната, кога се зема слика од едно лице и во негово име се прави профил и се настапува заради девалвирање и плукање на другиот или создавање лажна слика.
Сега се очекува Дирекцијата да направи истрага кој се крие зад големите профили бидејќи лесно може да се открие преку анализа на содржината која ја презентираат и она што го коментираат.
Многу често се создаваат и групи на познати твитерџии или фејсбуковци кои во јавната дебата на мрежата ја спинуваат или ја насочуваат јавната дебата преку свои коментари. Познати ликови на ФБ исто така манипулираат, преку пренасочување на дебатата, навидум преку досетки и шега и вицеви на своја сметка или на јавни личности ја осовојуваат со симпатија публиката и потоа во моменти кога треба да се развие или открие некоја тема , ја пренасочуваат дебатата на забава за да блокираат негативна конотоација за партијата, која ги плаќа за услугите.
Со оглед на бројот на претставки кои стигнале до ДИК, од Дирекцијата за заштита на лични податоци велат дека најверојатно се работи за неинформираност на граѓаните, бидејќи како единствена институција надлежна за изборниот процес ја гледаат само ДИК.
За разлика од Дирекцијата за заштита на лични податоци, до ДИК за денот на изборите стигнале над 400 претставки по различни основи.
Од Дирекцијата велат дека свеста за пријавување на граѓаните се уште е мала, особено кога станува збор за изборниот процес, а дури и политичарите многу ретко пријавуваат повреда на ова право.
Иако врвот на црната , валкана кампања преку Фејсбук и Твитер го достигна на овие избори сепак за прв пат таков случај бил пријавен пред неполни две години.
