Мисијата на ММФ од среда во Македонија!
Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во среда доаѓа во Македонија во мониторинг.
Ќе се мониторираат економските политики на земјата, за првпат, откако со Фондот раководи Ивана Владкова Холар.
Оваа посета на монетарците е важна бидејќи се очекува да се изврши и ревизија на двегодишниот аранжман од Кредитната линија за претпазливост од 220 милиони евра.
Македонија има значаен долг кон Фондот, тоа значи дека ММФ ќе ги стави под лупа политиките на земјата, со особено фокусирање на макроекономските и структурни политики кои се релевантни за надворешната одржливост.
Како и вообиачено, се очекува монетарците да остварат средби со гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, со министерот за финансии, Зоран Ставрески, со банкарите и со бизнисмените во земјава.
