На Македонците за Украина не им требаат визи!
Објавено на 1 април, 2013 во 17:26
Македонците, од 16 март 2013 година, во Украина ќе патуваат без визи за престој до 90 дена.
Одлуката со Указ ја донесе претседателот на Украина, Виктор Јанукович, а важи до 15 март 2015 година.
Таа е реципроцитет на Одлуката на Владата на Република Македонија која почнувајќи од 16 март 2013 година до 15 март 2018 година, ги укина визите за краткорочен престој во Република Македонија за државјаните на Украина.
Двете држави овој чекор го направија со цел натамошното унапредување на пријателските односи особено во областа на развивањето на туризмот и зајакнувањето на меѓусебната економска соработка.
