Судска медицина утврди, нема алкохол во крвта на Никола Младенов!
Објавено на 1 април, 2013 во 17:44
Нема алкохол во крвта на трагично загинатиот новинар и сопственик на „Фокус“, Никола Младенов. Тоа го покажал првичниот наод на Судска медицина.
Извештајот ќе биде испратен кај истражниот судија, затоа што се прават дополнителни токсиколошки анализи.
Претходно на Судска медицина беше утврдено дека Младенов починал од нагло кочење, по што при таканаречената состојба „забавување на телото“ и поради ударот во воланот, му пукнала главната аорта.
Вториот извештај се чека од полицијата и од таму истануваат дека МВР сè уште прави техничко вештачење на возилото.
Никола Младенов загина во сообраќајна несреќа, минатиот вторник, пред полноќ.
