Наредната недела, во Њујорк, средба Нимиц, Јолевски и Василакис!

Објавено на 2 април, 2013 во 07:01

Средбата на посредникот на Обединетите Нации во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, со преговарачите на Македонија, Зоран Јолевски и на Грција, Адамантиос Василакис, ќе се одржи во седиштето на ОН во Њујорк на 8 и 9 април.

Нимиц испратил покана која е прифатена од  двајцата преговарачи, соопштуваат од ОН.

Посредникот Нимиц прво ќе се сретне со преговарачите поодделно, по што ќе следи и заедничка средба, заради продолжување на преговорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.