Нова Македонија: Истражниот предвреме го напуштил местото на несреќата!?

Објавено на 2 април, 2013 во 07:33

Истражниот судија задолжен да ја спроведува истрагата за сообраќајката во која животот го загуби новинарот и основач на „Фокус“, Никола Младенов, предвреме го напуштил местото на настанот и целата работа им ја препуштил на сообраќајните полицајци, објави „Нова Македонија“.

Весникот, повикувајќи се на информации од учесници во тимот истражители, пишува како судијата од Основниот суд Скопје 1 не покажал голема заинтересираност за случајот/.

„Тој не дал наредба што да се прави, ниту како доказ да се земе. Се што собрале истражителите од полицијата, сработиле „на своја рака“ , објавува денеска „Нова Македонија“.

Весникот вчера објави дека нивната екипа која тргнала да направи фотографии од местото каде се случи сообраќајката кај клучката Хиподром на автопатот Велес-Скопје, пронашла билети од патарина, кутии цигари, весници и други лични предмети кои веројатно, а и по кажувањата на блиските, му припаѓале на Никола. 

Но, екипата забележала дека на патот се уште стојат делови од автомобилот, како рачки од врати, делови од браниците, калниците, контролната табла на автомобилот и друго.

За веб порталот НОВА главната и одговорна уредничка во весниците “Фокус” Јадранка Костова, исто така, тврди дека еден ден пред “Нова Македонија” и тие биле на местото на настанот и ја виделе истата слика.

„Не би сакала да ја коментирам истрагата, иако сето ова е чудно. Пред “Нова Македонија” и екипа на “Фокус”, вклучувајќи ме и мене, отиде на местото на несреќата да направи фотографии и ние, како и колегите од “Нова Македонија”, таму видовме и собиравме материјални докази. Имаше расфрлано делови од автомобилот, a пронајдовме и лични предмети на Младенов,“ вели Костова во изјава за порталот НОВА.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.