Ранета девојка во Куманово!
Објавено на 2 април, 2013 во 16:35
Дваесет и седум годишна девојка од Куманово е ранета попладнево со огнено оружје во месноста „Менкова Колиба“. Немилата случка во полиција ја пријавил случаен минувач.
Од кумановската болница потврдуваат дека кај нив е примена девојка со прострелни рани во двете натколеници.
„Со возило на брза помош е донесено женско лице околу 14 часот 45 минути со прострелни рани на двете натколеници од кои во едната имаше заостанат куршум. Лицето е донесено во стабилна општа состојба. По направените рентгенски снимања и по терапијата, е префрлено на Клиниката за трауматологија во Скопје,“ рече Зоран Тасевски, хирург во Општата болница Куманово.
Од СВР Куманово изјавија дека се трага по сторителот а информации за овој случај најавија за утре.
