Поројни дождови и ноќва!
Објавено: 2 април, 2013, во 22:36 часот
Обилни врнежи од дожд денеска а особено попладнево ја зафатија Македонија.
Според Управата за хидрометеоролошки работи најголема количина наврна во Охрид, 32 литра на метар квадратен, седум литри помалку во Претор , во Пожаране 24, во Тетово 21, во Лазарополе 20, Прилеп 18, Тополчани 16, Скопје – Зајчев Рид 14, Битола 13, Петровец 12, додека во источна Македонија врнежите се околу 5 литри на метар квадратен.
Прогнозите за ноќва се дека ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и ќе имаат пороен карактер./А.Д

