Пороен дожд и грмежи!
Објавено: 3 април, 2013, во 07:03 часот
Во Македонија, денеска, ќе биде облачно, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и услови за појава на невреме со град.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 12, а дневната од 10 до 18 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 16 степени.


