Механичари на Мерцедес ќе го прегледаат автомобилот на Младенов!
Германски Мерцедес се интересира да го прегледа мерцедесот на Никола Младенов за неговите механичари да утврдат какви удари претрпело возилото и зошто заштитата не му помогнала, објави Алфа.
Механичарите на прозиводителот,исто така, ќе ја испитуваат и техничка исправност на возилото.
Но, претходно тоа ќе мора да го сторат домашни експерти, најверојатно од машински факултет или независни вештаци.
Анализата со техничката исправност ќе се надополни на крим-техничкото вештачење кое денеска МВР му го презентира на истражниот судија. Со откриените наоди е подготвена фото- документација и скици каков правец имало возилото.
Засега од податоците од крим- техничкото вештачење на возилото е објавено дека Младенов со возилото прво удрил лево во бетонската ограда, а потоа излетал десно низ баникната на автопатот.
Телевизијата јавува како засега не се посочува дека во сообраќајката учествувало друго возило.
