Се самозапали старица во Прилеп!
Објавено на 5 април, 2013 во 14:10
Седумдесет и девет годишната Веселинка Филипоска, 79 годишна, денеска околу 12.40 часот се самозапали на излезот на Прилеп. Старицата посегнала по својот живот во нивите пред приклучокот со магистралниот пат Прилеп- Битола.
Очевидци ја виделе старицата како се запалила и веднаш се јавиле во итната медицинска помош, соопшти СВР Битола. Засега не се познати причините зошто таа се самозапалила.
Лекарите од итната медицинска помош не успеале да и помогнат бидејќи кога стигнале забележале дека се уште има чад над телото и само ја констатирале смртта на кај жената како последица на големите изгореници.
