Променливо облачно со дожд!
Објавено: 10 април, 2013, во 08:05 часот
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди.
Во северните делови не е исклучена можноста за слаб локален дожд и ретка појава на грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 7, а дневната од 14 до 20 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд.
Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе се искачи до 17 степени.


