ДИК одржува итна седница!

Објавено на 10 април, 2013 во 08:28

Државната изборна комисија денеска одржува итна седница по барање на Општинската изборна комисија од Куманово и поради претходна пријава за одземен гласачки материјал од три избирачки места од Куманово.

ДИК ќе треба да одлучува и по 66 приговори, поднесени од владеачката ВМРО ДПМНЕ за сите избирачки места во општина Центар во Скопје, на кои според резултатите кои комисијата ги објави победи кандидатот на опозицијата Андреј Жерновски со околу 1000 гласа пред актуелниот градоначалник и кандидат на власта, Владимир Тодоровиќ.

Исто така до ДИК 17 приговори поднесе ВМРО ДПМНЕ за општина Струга.

Вчера до истекувањето на рокот, до 19 часот, приговори поднеле и ДПА 4, а ДУИ и НДП поднеле по 16 приговори.

ДИК е должна во рок од 48 часа по приемот да донесе одлука за поднесените приговори

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.