ДИК: Зоран Дамјановски градоначалник на Куманово!
Објавено на 11 април, 2013 во 08:00
Досегашниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски и понатаму останува татко на градот.
ДИК одлучи да не ги прифати приговорите на ВМРО ДПМНЕ.
Останува можноста владејачката партија да се жали пред управниот суд.
Во текот на денешниот ден, ДИК ќе ги разгледува приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за Центар каде според резултатите на Општинската изборна комисија победи Андреј Жерновски.
