Прекувремена работа може да се пријави и електронски!
Објавено: 11 април, 2013, во 12:41 часот
Пријави за прекувремена работа, ноќна смена и работа на државни празници до Државниот инспекторат за труд од денеска работодавачите ќе можат да ги доставуваат и по електронски пат на e-mail адресата [email protected].
Досега работодавачите мораа да одат до подрачната единица на Државниот инспекторат за труд и да достават писмена пријава за која било од наведените обврски.
„ На посочената адреса ќе можат да се испраќаат унифицирани пријави, кои работодавачите ќе можат да ги најдат на интернет страниците на Министерството за труд и социјална политика и на Државниот инспекторат за труд. Пријавата треба да биде испечатена, пополнета со потребните податоци, со потпис и печат на правниот субјект и скенирана да биде испратена до Инспекторатот за труд“, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Целта на ова елекстронско пријавување, според министерот, покрај административно олеснување се овозможувало и поголема сигурност во остварувањето на правата на работниците, но и овозможување поголема ефикасност во работата на инспекцијата на трудот./A.Д

