Ќе се казнува дискриминацијата на трудниците на работа!
Објавено: 13 април, 2013, во 15:59 часот
Бремените жени кои ќе бидат дискриминирани на работа можат да пријават на телефонските броеви 15 131 и 15 505.
Ова го предвидуваат новите измени кои стапија од почетокот на февруари оваа година. Согласно на нив се забрануваат секаков облик на дискриминација со пристапот на вработувањето, условите за работа на жените кои се бремени или жени кои имаат право да користат права по основ на родителство.
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски апелираше сите жени кои биле дискриминирани од работодавачот по основ на бременост, раѓање и родителство случаите да ги пријавуваат до Државниот инспекторат за труд или на посочените телефони.
Законските измени забрануваат работодавачите при вработувањето да бараат од кандидатите тест за бременост или потврда за таков тест при склучување на договор за вработување со жена, без оглед на видот на работното место. Во направеното истражување на илјада испитанички, скоро 22 проценти изјавиле дека биле прашани од страна на работодавачот дали планираат да раѓаат. 3.000 евра казна ќе заработат сите работодавачи што ќе испуштат жена од работа по основ на бременост./ А.Д
