ЗНМ: „Владата да си ја голтне суетата и да го продожи рокот за донесување на новиот закон за медиумите“!

Објавено: 13 април, 2013, во 15:06 часот

Се додека не се расфетли исфрлувањето на новинарите од собранието на 24 декември ЗНМ останува надвор од институционалниот дијалог, рече денеска престедателот на Здружението на новинари, Насер Селмани.

Во Скопје се одржа редовно годишно неизборно собрание на здружението на кое Селмани уште еднаш побара продолжување на рокот за разгледување и анализа на нацрт-законот за медиуми.

ЗНМ е подготвено во наредните 4-5 месеци да организира дебати со новинарите во Скопје, како и преку регионалните канцеларии во внатрешноста на државата, на кои своите размисли и ставови по нацрт-законот ќе ги соопшти фелата. Потоа ќе бидат подготвени заеднички забелешки.

Селмани исто така соопшти дека ЗНМ ја има подршката на ЕУ, САД и ОБСЕ околу недозволувањето да се донесе законот без по него да се произнесат новинарите во Македонија. Ваквиот став на Селмани беше прифатен од сите присутни над 130-тина новинари на годишното собрание.

„Владата да си ја голтне суетата и да го продожи рокот за донесување на новиот закон за медиумите“ побараа скоро сите присутни новинари на Годишното собрание. Тоа заврши со оддавање на почит, едноминутно молчење за  прерано загинатиот колега Никола Младенов. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.