Во Скопје, се собираат донации за Најден!
Објавено: 14 април, 2013, во 10:22 часот
Скопјани денеска имаат можност да ја потврдат човечката доблест за хуманост.
За бебето Најден, кое се наоѓа на интензивна нега во Клиничкиот центар, се собираат донации.
На Најден му се потребни пелени, млеко NAN 1 со неистечен рок на траење, флаширана вода „Ладна„, „Роса“ или „Планинска“, тетра пелени, бебешка козметика, влажни марамчиња и облека за едномесечно бебе.
Може да се донираат и пари.
Граѓаните се што сакаат да подарат за Најден треба да спакуваат во соодветни пакети и да го однесат на собирното место во градскиот парк, кај Школката, каде се одржува хуманитарната акција за бебето Најден.
На локацијата има табла со натпис „Донација за Најден“. Се што ќе биде подарено за помош на Најден, ќе биде предадено на клиниката после 14 часот. ќе се подари
Се препорачува донациите да бидат спакувани во соодветни картонски кутии.
Организаторите, група хумани граѓани, ќе ги однесат собраните донации на Клиниката веднаш по 14 часот.
