ВМРО ДПМНЕ и СДСМ очекуваат Уставен да ги поништи изборите во Струга!

Објавено на 14 април, 2013 во 14:12

Незадоволство од како што беше речено нелегитимниот втор круг од локалните избори, на кои победи кандидатот за градоначалник на ДПА Зијадин Села, денеска беше изразено на мирен протест во Струга, објави Оhrid news.

„Изборите ги сметаме за нелегитимни и по се што се случуваше на нив бараме највисоката инстанца, Управниот суд, да донесе одлука во наша полза односно очекуваме позитивен одговор на нашето барање и прогласување на вториот круг за нелегитимен, со што би дошле до израз сите неправилности кои што се случуваа на денот на изборите,“ изјави претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ на Струга, Перо Петкоски.

Инаку, ВМРО ДПМНЕ до Управниот суд поднесе 8 тужби на одлуките на ДИК, која претходно прифати само 2 од поднесените 17 приговори за Струга, недоволно да биде оспорена победата на Зијадин Села во вториот изборен круг.

На протестот присуствуваа членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ какао и нивниот заеднички кандидат за градоначалник Владо Кочоски. Тие очекуваат да има трет изборен круг, на кој, како што истакнаа, ќе биде избран градоначалник на Струга на фер и демократски начин.

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ најавија дека без оглед на исходот од жалбената постапка, нивната коалиција ќе продолжи да функционира во советот и ќе работи во интерес на граѓаните на Струга.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.