Владата ќе ги развива селата!

Објавено на 14 април, 2013 во 15:17

Македонските села ќе се развиваат со околу 4,5 милиони евра.

Одлуката ја донесе Владата која предвидела  сретства,  два и пол пати повеќе од лани.

Со парите ќе се поддржи развојот на јавната инфраструктура во руралните средини, обновата и развојот на селата и зачувувањето и унапредувањето на традиционалните вредности во руралните средини.

За да ги добијат парите, општините, ќе конкурираат со проекти наредниот месец.

Една општина може да поднесе повеќе проекти, за повеќе села, но вкупен износ не треба да биде повисок од 20 милиони денари.

Со парите ќе треба да се финансира изградба на патишта до 5 километри, зелени и сточни пазари, пензионерски и младински клубови./Б.Н.Т

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.