Сончево со локална облачност!
Објавено: 15 април, 2013, во 07:29 часот
Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито.
Во попладневните часови во источните, југоисточните и североисточните делови ќе има услови за слаб локален дожд.
Утринските температури се движат од 1 до 9 степени, а дневните температури од 10 и 21 степен.


