Ештон ќе ги посети земјите од Западен Балкан!

Објавено на 15 април, 2013 во 07:44

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон неделава ќе ги посети Македонија, Црна Гора и Албанија.

Можно е во турнејата да бидат вклучени и други земји од Западен Балкан, како Србија и Косово, меѓу кои Европската унија се обидува да посредува, се наведува во соопштението на Ештон.

Нејзината посета на земјите од Западен Балкан има за цел да го зајакне ангажманот на ЕУ за нивна идна интеграција во Унијата.

„Ќе ги охрабриме шефовите на државите од регионот да продолжат со реформите и да развиваат односи на добрососедство“, изјави Кетрин Ештон.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.