Управниот суд одлучи, ќе има прегласување во Центар!
Објавено на 15 април, 2013 во 14:02
Прифатени се 4 од поднесените 34 тужби од ВМРО ДПМНЕ за вториот круг на локалните избори во општина Центар.
Ќе има трет круг на гласање во оваа скопска општина.
Одлуката на Управниот суд е конечна.
Таа следи откако пред пет дена Државната изборна комисија одлучи да ги отфрли како неосновани 66 приговори од ВМРО ДПМНЕ за нерегуларности во изборниот процес со кои се оспорува победата на опозицискиот кандидат за градоначалник, Андреј Жерновски./А.Д
