Малиот Најден, засега, не може да се посвои!

Објавено на 15 април, 2013 во 14:37

Според Законот за семејството потребна е согласност од родителите за посвојување на малиот Најден, пренесе Плусинфо.

Детето кое беше пронајдено од граѓани во скопско  Арачиново и сега е на лекување на Детската клиника во Скопје засега не можат да го посвојат заинтересирани брачни двојки, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

„Доколку родителите на малолетното дете бидат откриени и се утврди дека се виновни за состојбата во која што се наоѓа детето веднаш пред надлежниот суд ќе се покрене постапка за одземање на родителското право, како и други соодветни постапки. По одземањето на родителското право на родителите, ќе може да се отпочне со постапка за посвојување на малолетното дете. Ако, родителите не бидат пронајдени, Центарот за социјална работа, најпрво ќе поведе постапка за евидентирање на детето во матичната книга на родени. Потоа ќе го стави под старателство, односно ќе назначи старател и ќе го смести  во Домот за доенчиња и мали деца во Битола или во соодветно згрижувачко семејство, во зависност од потребите и најдобриот интерес на детето“.

Сепак малиот Најден ќе добие старател со обврска да се грижи за неговата заштита.

Сите заинтересирани лица за помош ќе треба да контактираат преку Центарот за социјална работа и со неговиот старател, од каде инаку започнува секоја постапката за посвјување.

Најден закрепнува но, засега не може да се предвиди понатамошната здравствена состојба на детето. Додека целосно не оздрави за него ќе се грижи медицински тим на Клиниката во Скопје.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.