Ангелов побара амнестија за Бошковски!

Објавено на 15 април, 2013 во 15:16

Лидерот  на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, денеска  побара од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, да го амнестира Љубе Бошковски, кој во ноември 2011 година беше осуден на седум години затворска казна под обвинение дека злоупотребувал пари во политичката кампања на претседателските избори, пишува Плусинфо.мк.

„Претседателе Иванов, како претседател можат да Ви се најдат многу забелешки, како професор и интелектуалец можат да Ви се најдат помалку забелешки, но како човек Вие сте чесен и добар, затоа денеска Ве повикуваме најпрво како чесен човек, потоа како врвен интелектуалец, и најпосле како претседател на државата, амнестирајте го Љубе Бошкоски. Амнестирајте го затоа што неговиот грев сигурно не е поголем од гревот на злосторниците од УЧК кои беа амнестирани, амнестирајте го затоа што неправедно и невин лежеше 4 години затвор во ХАГ за Македонија. Амнестирајте го затоа што дома го чекаат 3 деца, затоа што го чека сопругата и неговата стара и болна мајка. Претседателе Иванов, во име на сите македонски бранители ве повикуваме веднаш да го амнестирате братот Љубе Бошковски “ рече  Ангелов.

.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.