Жерновски: „Ќе се борам до крај за Центар“
Објавено на 15 април, 2013 во 15:28
Откако Управниот суд му ја одзема победата на Анреј Жерновски и одлучи да има прегласување, кандидатот за градоначалник на општина центар од „Сојузот за иднината“, Жерновски во изјава за медиумите нагласи дека ќе се бори до крај за градоначалничката функција и ќе победел со огромна разлика.
Според него, одлуката на Управниот суд била срамна за демократијата во земјава и дека главниот мотив за таква одлука бил проектот „Скопје 2014“./ А.Д
