Нимиц предлага: „Горна република Македонија“!
Горна Република Македонија е името кое ќе го замени ФИРОМ во наредните најмалку 7 до 8 години колку што ќе траат преговорите за членство во ЕУ, јавува 24 вести.
По завршувањето на преговорите, на референдум граѓаните ќе се изјаснеле во две прашања, дали сакаат членство во Унијата и дали го прифаќаат новото име. Доколку мнозинството од граѓаните се изјаснат позитивно, по приемот во ЕУ, името Горна Република Македонија ќе се користи за севкупна надворешна употреба.
Во понудата на Нимиц не се содржани прашањата оджколу идентитетот, називот на нацијата и јазикот. Тие ќе биле регулирани по велзот во Унијата. Таму секоја земја членка официјалниот јазик го внесува во оригиналниот назив на официјалното писмо кое таа го користи, па согласно оваа пракса, официјалниот јазик на Горна Република Македонија како членка на ЕУ би бил македонски, во кирилична верзија.
За Грција тоа не претставува проблем бидејќи таквата употреба се реферира на словенското потекло на јазикот, а Грција, онаму каде што сака, атрибутот македонски ќе го користи во неговата грчка верзија „македонос“ која подразбира хеленско потекло.
Вакава е најновиот предлог на Нимиц кој бил подготвен во Обединетите нации, а во координација со Вашингтон и Брисел.
И Скопје и Атина своите конечни одговори по ваквиот предлог ќе треба да ги дадат најдоцна до средината на мај.
Предлог на Нимиц:
до завршување на преговорите со ЕУ
ФИРОМ – Горна Република Македонија
по завршување на преговорите
референдум – влез во ЕУ – Горна Република Македонија (erga omnes)
извор: 24 вести
