Од денеска поројни дождови!
Објавено: 23 април, 2014, во 06:38 часот
Од денеска Македонија ќе под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, која ќе условува поинтензивни врнежи од дожд кои наместа ќе бидат и поројни и грмотевици. Бидејќи во среда, четврток, петок и сабота се очекуваат пообилни врнежи од дожд, постои опасност и од локални поплави.
Денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Поинтензивни врнежи се очекуваат во попладневните часови претежно во западните предели. Ќе дува умерен северн и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 6°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 12°C односно до 22°C.
http://weather4all.com.mk/




