ДВ:Нерегуларноста на изборите води кон бојкот на резултатите

Објавено: 23 април, 2014, во 08:21 часот

Непризнавањето на изборните резултати од страна на СДСМ како Дамоклов меч виси над вториот круг од претседателските и парламентарните избори во Македонија, кои ќе се одржат в недела, на 27-ми април, јавува Дојче Веле. Таква одлука немаат донесено органите на опозициската партија, но според нејзиниот лидер, Зоран Заев, ако продолжат изборните нерегуларности, „сите опции се отворени“. Ваквата можност тој ја навести и вчера, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конеренцијата од која најави кривична пријава за премиерот Никола Груевски во случајот „Македонска банка“.

„Првиот круг покажа дека изборите не се фер, ниту демократски, ниту има фер-шанса опозицијата да победи. Ако заклучно со 27-ми април се потврди дека дрскоста и безобразието на власта продолжува, секако дека сите опции се отворени. Ние немаме одлуки на органи и тела на партијата, за тоа, кои се тие други опции. На сите им е јасно дека ние до последен момент даваме шанса, каква што дававме целиот овој период со преговори и договори за Изборниот законик, со потпишување кодекси и изјави за фер и демократски избори, со испраќање недвосмислени и јасни иницијативи и предлози до нашите поддржувачи. Ако тоа не е овозможено, опозицијата нема ни намера ни право да алиментира режим во неговото натамошно опстојување“, рече Заев.

Тектот во целост прочитај го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.