ДВ: Заев со нови обвинувања против Груевски

Објавено: 23 април, 2014, во 14:11 часот

Претседателот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција во партиското седиште во Скопје соопшти дека за само три месеци владејачката ВМРО-ДПМНЕ дошла до имот во вредност од над 1,6 милиони евра, пренесе Дојче Веле. Според Заев, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дошле до станови, деловни простории и парцели на повеќе места во Македонија за само неколку дена во ноември и декември 2013 година, како и во јануари годинава. Заев рече дека во ноември владејачката партија се стекнала со имот од околу 300.000 евра, во декември 800.000 евра, а во јануари годинава со имот од уште околу 300.000 евра.

„Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дошле до станови, деловни простории, земјишни парцели каде што стигнале низ Македонија, во само неколку дена во месеците ноември, декември и јануари“, рече Заев кој како доказ посочи катастарски листови за имотот чиј сопственик наводно станала владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Заев ги праша Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како успеваат да богатат во граници што ја надминуваат секоја разумна логика.

ВМРО ДПМНЕ веднаш реагираше со прес конференција на која портпаролот Илија Димовски ги отфрли наводите на Заев, обвинувајќи дека се работи за фалсификати.

„За да биде јавноста целосно запознаена со начинот на кој постапува СДСМ денес би сакал да ви презентирам уште неколку докази кои ќе потврдат дека она што Заев го извади како документ на неговата прес конференција е класичен фалсификат“, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот во целост прочитај го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.